Хулк многу придонел во развојот на Рејсинг Поинт

Техничкиот шеф на Рејсинг Поинт, Анди Грин, откри дека повратните информации добиени од Нико Хулкенберг кога германецот го менуваше Чеко Перез на Силверстон биле многу важни при последната серија на новини на РП20 болидот.

некои од новините кои ги донесовме на болидот беа директен резултат од повратните информации на хулкенберг во силверстон што е многуинтересно. неговиот фидбек од ајфелското гранд при исто така беше одличен.

на силверстон спомна некои работи кои сметаше дека треба да бидат променети на болидот како и начин на сетирање на болидот за да имаме подобро чувство од него. ги направивме тие промени, но не очекувавме повторно да вози за нас. сепак, возеше на нирбургринг и неговите информации по трката беа многу интересни, но и важни за нас – откри грин.

Сепак, корекциите кои тимот ги направил на РП20 по Силверстон значело и дека Нико мораше одново да се прилагодува на болидот во Нирбургринг, но тоа не беше проблем за него затоа што со старт од последно место, финишираше на 8ма позиција.

промените кои тој ги бараше не оже да се имплементираат по само четири кругови колку што извозе на квалификациите и поради тоа требаше многу да работиме во сабота попладне. му требаше повеќе време во болидот, но го немаше, но на крајот на трката доби доволно време, донесе одлични поени, а повратните информации му беа непроценливи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ