Хулк планира многу да рбаоти во симулаторот на Ферари

Нико Хулкенберг планира обемна програма во симулаторот на Ферари во Маранело годинава за да си помогне во своето враќање во Формула 1.

Германецот од Хаас направи враќање во тркачката серија годинав откако не се тркаше редовно од крајот на 2019 година. Како дел од соработката на американската екипа со италијански Ферари, ти ја користат инфраструктурата во Маранело како симулаторот и воздушниот тунел редовно.

редовно ќе го користам симулаторот годинава, на секои неколку недели. имаме план за до средина на сезоната, а потоа ќе видиме.

во текот на зимата бев еднаш во маранело и тој тренинг ми се покажа доста корисен и ако продолжи да биде така, зошто не би минувал повеќе време таму. тоа едноставно ја подобрува сликата, дава дополнителен детал – појасни хулк.

По него, симулаторот има многу предности и можеб особено да биде од помош во подобро разбирање на сетирањето и барањето од патеката.

се работи за мешавина од се, се добиваат добри податоци, се работи на корелација и како подготовка на трката е секогаш добредојден. никогаш не е само една работа што е корисна затоа што работите цел ден, може да пополните многу време, а симулаторот како таков има бесконечни можности.

Гунтер Стаинер откри дека Хаас имаа долгорочен договор за користење на симулаторот на Ферари, но не секој возач сака да го користи.

добиваме одреден број на денови или купуваме одреден број на денови и имаме исти пристап како и лани. хулкенберг беше подолго надвор од болидот, а ова се целосно болиди за него, тој е многу заинтересиран да вози во симулаторот за подобро да се подготви за секој тркачки викенд.

работиме колку што сметаме дека е потребно. во моментов работиме и повеќе од планираното за да видиме дали самиот симулатор дава добра корелација како што се надевавме. што се однесува до симулаторот, таму возачот иде само доколку самиот е заинтересиран, а ако не, тогаш нема никаква поента.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ