Цунода ќе вози покрај Рикардо и Ветел на Нордшлајфе

Возачот на АлфаТаури ќе учествува на настанот Ред Бул Формула Нирбургринг во Септември.

Јуки Цунода ќе учествува на настанот Ред Бул Формула Нирбургринг во Септември.

Јапонскиот возач е единствениот актуелен Ф1 возач потврден за настанот, кој се одржува на Нордшлајфе по летната пауза, а ќе вози Хонда НСХ ГТ3 Евo во шарите на АлфаТаури.

Цунода ќе им се придружи на резервниот возач на Ред Бул, Даниел Рикардо и сега веќе пензионираниот четирикратен светски шампион во Ф1, Себастијан Ветел за настанот, кој ќе ги израдува фановите со ревијални трки и други прекрасни моменти од шоуто кога ќе ја поддржат трката 12 Часа Нирбургринг.

Никогаш претходно не сум возел на Нирбургринг, па со нетрпение го очекувам настанот во септември – изјави Цунода.

Едвај чекам да возам околу него со мојата Хонда НСХ ГТ3 Евo, која е неверојатен автомобил и докажана машина за победа на трки на највисокото ниво на конкуренцијата во ГТ3.

Нордшлајфе е легендарна патека, штотуку ја возев на видео играта Гран Турисмо и многу уживав.

Актуелниот лидер во шампионатот во Ф1, Макс Верстапен, сепак нема да присуствува бидејќи тоа му беше забрането од советникот за моторспорт на Ред Бул, Хелмут Марко.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ