Чандхок: Гасли мора да бара иднина надвор од Ред Бул

Аналитичарот на Скај Ф1, поранешниот индиски Формула 1 возач, Карун Чандхок, смета дека нема враќање во Ред Бул за Пјер Гасли и вели дека победникот на трката во Италија треба да ја бара својата иднина во Формула 1 на друго место за 2022 година.

Гасли имаше силна сезона со АлфаТаури по неуспешниот период со Ред Бул. Додека неговата замена Албон разочара во однос на Макс Верстапен, Гасли беше фокусиран и започна од ново со помладиот тим на Ред Бул. Французинот беше одличен против Даниил Квјат, имаше пласман во поени во 10 трки и победи на Монца.

Победата на Пјер во Монца беше најдобар момент од сезоната за мене. Тој е многу добар човек кој има неверојатна ментална сила по тешката сезона во 2019 година, кога не само што можеше да биде крај на неговата кариера, туку и го загуби својот пријател Антоан хУбер.

Иако Монца беше само еден случај, Пјер сериозно го победи Даниил Квјат и имаше одлични трки, често со невообичаени стратегии, за да ја изгради повторно својата репутација. 

Не гледам дека ќе се врати во главниот тим на Ред Бул, така што мислам дека ја искористи 2021 година да се надогради по оваа сезона и да се стави во добра позиција на пазарот на возачи надвор од тимовите на Ред Бул.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ