Чандхок очекува интересна борба меѓу Рикардо и Перез

По враќањето на Даниел Рикардо во Ред Бул како резервен возач, поранешниот Формула 1 возач, Карун Чандхок сака да види како тимот го оценува австралијанецот.

Карун очекува интересна борба меѓу Даниел Рикардо и Серхио Перез за можно постојано возачко место во Ред Бул во 2024 година. Откако повеќегодишниот договор на Рикардо со Мекларен беше предвреме раскинат, Рики остана без место на гридот за 2023 година. Тој потоа беше најавен како резервен возач во Ред Бул, што значи дека ќе се врати во тимот со кој го постигна најголемиот дел од својот успех во Формула 1 помеѓу 2014 и 2018 година.

Додека Перез има договор да остане во тимот до крајот на 2024 година, се појавија шпекулации дали Рикардо може да се стави во конкуренција за камбек и да претставува закана за местото на Перез. Сепак, Чандхок верува дека формата на Рикардо би можела да биде тешка за Ред Бул да ја процени.

Очекувам да видам како ќе се одвива, бидејќи последен пат кога Даниел возеше Ред Бул беше во 2018 година, а болидите на Формула 1 се многу променети – изјави Чандхок.

Сега е како друга категорија. Мислам дека Макс Верстапен се промени многу, со оглед на траекторијата на која се движеше. Тој е 25-годишник чија самодоверба постојано расте.

Мислам дека Даниел против Чеко е интересна борба за местото во 2024 година. Како тие го оценуваат Даниел? Тоа е она што ме интересира да го видам затоа што, да, можат да ги стават во симулаторот, но не е исто како возење на болидот.

Па, дали ќе му дадат некаде да учествува на тест? Тоа е она што би сакал да го видам.

Колегата на Чандхок на Скај Спортс, Дејвид Крофт, смета дека Рикардо и Перез се силни возачи, но верува дека Рикардо на 33 години нема да биде иднината во Ред Бул.

Мислам дека тие имаат два многу различни возачки стилови – објасни Крофт.

Двајцата се способни да победуваат на трки, но според мене, тие победуваат на трки на многу различни начини. Мразам да го кажам ова, мислам дека Даниел е страшен фраер, но тој не е иднината за Ред Бул, главно поради возраста.

Кога Макс зборуваше на крајот од сезоната и зборуваше за потенцијално прекинување на 31-годишна возраст, тоа е големо откритие за мене. Тој веќе размислува за времето кога ќе престане да се трка. Ако го мисли тоа, тогаш и Ред Бул треба да размислуваат за тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ