Чандхок: Перез покажа дека е подготвен

Поранешниот индиска Формула 1 возач, Карун Чандхок, верува дека Серхио Перез докажал дека е подготвен да вози за врвна екипа, а Ред Бул направиле одличен потег што го земале.

По долги шпекулации во вториот дел на сезоната околу возачот кој ќе го замени Александер Албон во екипата од Милтон Кинс, тимот реши да му укаже доверба на мексиканецот.

Минатата година бее најдобра во кариерата на Чеко, дојде до 4то место во возачкиот поредок, а Чандхок смета дека мексиканецот е подготвен за врвна екипа.

од сите возачи кои беа расположливи, тој е најдобар избор. губењето на даниел рикардо стана проблем во ред бул последните сезони затоа што пјер гасли и алекс албон не можеа да се носат со верстапен, а рикардо тоа го можеше.

перез покажа дека ја има потребната зрелост и искуство кои му недостасуваа во мекларен во 2013 година, доби втора шанса во врвна екипа и прилика која малкумина ја добиваат. работеше многу напорно за д се ослободи од етикетата на палтен возач што го прогонуваше долго време – вели карун.

Иако Серхио не е познат како возач кој има феноменална брзина на квалификации, има други квалитети особено менаџирањето на гумите кое често му носи рпедност на трка во однос на стратегијата. Чандхок смета дека 4то место кај возачите и покрај тоа што пропушти две трки лани поради корона вирусот и проблемите со болидот е одлично за Перез.

неговото менаџирање на пирели гумите е на ниво на луис хамилтон и макс верстапен. исто така ги подобри и квалификациите лани и покрај тоа што пропушти две трки, заврши на 4то место кај возачите. тоа зборува многу за неговата константност.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ