Чандхок сметал дека Рикардо ќе го мачи Норис

Карун Чандхок смета дека Ландо Норис е третиот воазч по квалитет сезонава и еден од ѕвездите за во иднина.

Партнер на Норис во Мекларен му е Даниел Рикардо, седумкратниот победник на Гранд При трки кој се мачи да освојува поени со Мекларен годинава, а неговиот колега веќе има три подиуми, повеќе од било кој возач надвор од Мерцедес и Ред Бул.

Младиот Ландо има серија од 10 последователни пласмани во поени кои завршија со карамболот предизвикан од Валтери Ботас во Унгарија, но сепак се наоѓа на 3то место во поредокот. Сезонава, британецот покажа дека може тешките трки да ги одработува со одличен пласман на крајот, а Чандхок смета дека неговите перформанси се подобри од оние на Верстапен и Хамилтон, но болидот го ограничува.

Популарноста на Норис е огромна, а за време на Британското Гранд При тој продал повеќе производи потпишани од него од сите возачи, дури повеќе и од Луис Хамилтон.

до сега младиот британец е ѕвезда на сезоната. ќе бидам искрен кога велам дека сметав оти даниел рикардо ќе го мачи во мекларен, а ландо нема да може со него, но годинава ја зацементира репутацијата на ландо како еден од ѕвездите на иднината.

фактот што тој испорачува на патеката и сето тоа го балансира со огромна скромности, хумор и харизма надвор од патеката му донесоа огромен број фанови низ светот. дефинитивно прави нешто посебно штом продаде повеќе производи од било кој за време на британското гранд при.

овогодинешниот ландо е многу поинаков, смешните коментари на радиот повеќе ги нема и наместо тоа има зрелост комбинирана со работна околина која мекларен ја создаде за да стане сериозен тим.

покрај фактот што на имола прешироко го мина квалификацискиот круг и времето му беше поништено, мислам дека тој викенд му беше најдобар во сезоната – вели чандхок.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ