Чандхок: Хаас покажаа дека нова екипа може да биде конкурентна

Поранешниот Формула 1 возач, а сегашен стручен коментатор, Карун Чандхок, се надева дека ограничениот буџет од 175 милиони долари од 2021 година ќе помогне да се привлечат нови екипи во спортот.

Откако се тркаше со Лотус и ХРТ во 2010 и 2011 година, Чандхок има директно познавање како е да се биде во Формула 1 екипа која започнува од ништо. Покрај Вирџин Рејсинг, овие екипи го започнаа своето учество во 2010 година откако им беше ветено дека ќе биде воведено ограничување на буџетот. Сепак, тоа ограничување никогаш не беше воведено и сите три екипи се откажаа од спортот до крајот на 2015 година, а Вирџин, подоцна Марусија и Манор, беше последна екипа која се откажа.

Од 2021 година, јасен буџет од 175 милиони долари ќе биде воведен и Чандхок смета дека сега е правилен момент за независни екипи да размислат околу учество во Формула 1.

Најпрвин, сеуште не е воведено ограничувањето. Да му дадеме шанса. Очигледно, таа бројка не е измислена. Тој број е донесен по голем број на состаноци и преговори помеѓу сите 10 тимови. Во интерес на Формула 1 е сите десет тимови да бидат среќни и задоволни.

Во текот на овој процес, тие се одлучија за таа бројка и мислам дека сега треба само да видиме како ќе функционира. Откако ќе поминат две до три години, тогаш може да судиме дали бројката треба да се зголеми или намали.

Се е поврзано со парите, но зависи и од техничката регулатива. Се надевам дека се движиме кон правила кои ќе го подобрат тркањето, а поради тоа ќе се подобри и шоуто за спонзорите и луѓето. Тие дискутираат за стандардизација на одредени делови и очигледно имаат листа на тие делови, како што тоа го прават Хаас и Торо Росо. Сите тие работи, а Хаас се добар пример дека нова екипа може да влезе во спортот, да стане партнер со клучна екипа и да бидат успешни со значителни освоени поени.

Тимовите кои почнаа во 2010 година, јас бев во два од тие, кога мораа да прават се од ништо, тоа е целосно различна ситуација.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ