Чеко подготвен за емотивно збогување

Серхио Перез откри дека е целосно подготвен за емотивна последна трка за Рејсинг Поинт и старт од последното место на Големата награда на Абу Даби.

Поради промена на моторот, мексиканецот ќе почне од последниот ред за финалето на сезоната и неговото збогување со тимот. Рејсинг Поинт се во жестока борба со Мекларен и Рено за 3то место кај конструкторите, а на Чеко му треба силен напредок за да освои добри поени и да му помогна на тимот.

Иако ќе тргне од последниот ред, убеден е дека болидот е одлично подесетн за да напаѓа и претекнува.

посветивме се и направивме се за трката. се фокусиравме на секоја ситница и ќе видиме што можеме да иведеме, но знаеме дека може да се случат многу работи.

влогот е преголем и бара одлична трка од нас. мораме да се осигураме дека ќе влеземе во добри поени затоа што борбата за 3то место е многу напната и тесна и мораме да имаме силна трка за да го освоием тоа место во конструкторскиот поредо – свесен е перез.

Гранд При-то на Абу Даби ќе биде последна трка за Перез откако мина седум години во екипата од Силверстон, која порано беше позната како Форс Индија.

почнувам да сфаќам дека соработата завршува, ги завршивме нашите последни квалификации во историјата и сигурен сум дека ќе имам емотивна трка утре.

се надевам дека ќе надоместам колку што можам повеќе позиции и ќе направиме нешто извонредно. мораме да видиме каков ритам ќе имаме, да се позиционираме пред колку што може повеќе слободен простор пред нас. мислам дека ќе биде различно од шакир, но не се знае.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ