Шафнауер одговара на тврдењето на Хорнер дека Ф1 ќе стане како “Франкенштајн”

Дали Формула 1 ќе биде принудена на промена на мислење во врска со прописите за енергетската единица од 2026 година?

Тимскиот шеф на Алпин, Отмар Шафнауер, инсистира на тоа дека новите регулативи на Формула 1 за 2026 година најверојатно нема да бидат променети и покрај тоа што колегата од Ред Бул, Кристијан Хорнер, ја истакна загриженоста за создавање “Франкенштајнска Формула 1“.

Спортот ќе воведе нови регулативи за три години, со зголемен фокус на одржливоста со синтетички горива и отстранување MГУ-Х како најголеми промени.

Но, по првичното тестирање, Хорнер упати предупредување за голем број компромиси на шасијата за да ги направат новите погонски агрегати остварливи, сугерирајќи дека ќе треба да се направат промени во правилата како што се моментално напишани.

Ред Бул-Форд е еден од шесте производители кои се пријавија како добавувачи при новите регулативи заедно со Рено и запрашан дали француската марка исто така бара промена, Шафнауер изјави за медиумите:

Зборувајќи со момците од погонот, сакаме да ги задржиме правилата како што се.

Не следам многу во детали… Не бев вклучен во преговорите и причините зошто, но им ги поставив тие прашања и со задоволство ги задржуваме како што се.

Мислам дека не е веројатно дека ќе се сменат.

За тоа дали загриженоста е слична на онаа на Хорнер за пакетот „Франкенштајн“, Шафнауер додаде:

Сè уште не сме стигнале толку далеку, не го утврдивме тоа.

Се надевам дека тоа нема да биде пакет на Франкенштајн… Се сеќавам дека бев на сите состаноци за да ги одредиме сегашните прописи и сите, вклучително и јас, рекоа дека тркањето ќе биде ужасно, сите болиди ќе изгледааат исто, веќе нема да биде Ф1.

Тоа навистина не се случи, па тешко е да се предвиди иднината, особено кога регулативите не се утврдени.

Значи, се надевам дека нема да ги менуваме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ