Шафнауер: Хулкенберг може да ни биде резервен возач

Шефот на Астон Мартин, Отмар Шафнауер, навести дека Нико Хулкенберг може да го  користат како нивен резервен возач во претстојната сезона.

Сè е променето од завршувањето на сезоната во 2020 година, а тимот на Шафнауер претрпе трансформација од Рејсинг Поинт кон познатото име на Астон Мартин. Секако, имаше и промена на возачот со Себастијан Фетел кој влезе како партнер на Ленс Строл, заземајќи го местото на Серхио Перез кој најде нов дом во Ред Бул.

Позицијата резервен возач сепак е сè уште непотврдена, а Шафнауер сугерираше дека потег кон Хулкенберг е само првичен план.

Можеби ќе биде многу добро. Сè уште нема што да се објави освен да се гледа овој простор. Блиску сме со Нико и сме во дискусии со него. Тоа би било одлично за сите нас – вели американскиот шеф на екипата.

Хулкенберг порано возеше под водство на Шафнауер, кога тимот беше познат како Форс Индија, иако тој продолжи во 2017 година со тимот на Рено.

Во 2020 година двајцата повторно се обединија во Рејсинг Поинт кога Хулкенберг ги менуваше Серхио Перез и Ленс Строл на три трки поради тоа што двајцата беа позитивни на тестот за КОВИД-19.

Првиот излез на Хулк на трката за Големата Награда на Велика Британија не беше најдобар бидејќи не беше во можност да ја започне трката поради откажување на моторот, но тој импресионираше на истото место една недела подоцна бидејќи се квалификуваше за трето место зад двата Мерцедес и заврши на седмото место, пред тимскиот колега.

Потоа го “украде“ шоуто на Ајфелското Гранд При, завршувајќи на осмата позиција откако ја започна трката од задниот дел од гридот.

Тоа беше прва сезона за него по долги години во која тој немаше полно работно време и имаше многу најави во средината на сезоната дека Ред Бул планирал потег за германецот да го замени Алекс Албон, а Хулкенберг, наводно, бил фаворизираниот избор на Макс Верстапен тимски колега.

Тоа место на крајот му припадна на Серхио Перез, оставајќи го само местото на Луис Хамилтон во Мерцедес моментално незафатено. Хулкенберг претходно изјави дека не се гледа себе си во улогата на резервен возач, но дали ќе ја прифати понудата на Шафнауер е друго прашање.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ