Шовлин: Мерцедес може да зажалат што го пуштија де Врис

Ендру Шовлин, главниот инженер на патека во Мерцедес, посочи дека тимот може да зажали што го ослободиле Ник де Врис од договорните обврски и му направиле простор за потпише за АлфаТаури.

Холанѓанецот е земен во сестринскиот Ред Бул ти како замена за Пјер Гасли кој замина за фабричкиот Алпин, а по фантастичното деби за Вилијамс минатата година.

немам апсолутно никаков сомнеж дека ник е способен да победува на трки ако е во вистинската екипа и го има вистинскиот болид. дали може да стане светски првак зависи од него, но нема многу време со оглед на возраста, иако надоместува со големото искуство.

имавме договор со ник дека ако не му обезбедиме место во некоја екипа, може да оди слободно да си ја бара најдобрата опција, но може да зажалиме поради тоа. не би бил изненаден ако се тркаме против него, а тој е во ред бул за една година – објасни шовлин.

Инженерот посочи дека холанѓанецот има голем талент и дека тимот немал апсолутно никаква намера да застане на неговиот пат до некое место на гридот.

одлично се вклопи во нашата екипа, но не можеме никого да задржуваме намерно. тој беше идеален тест и резервен возач за нас. ако го задржевме настрана и го користевме за тестирање и менување некого, ќе го спречевме да си го брка својот сон.

тој има формула е титула со нас и тоа  многу му значи на брендот мерцедес, а во исто време беше фантастична резерва за формула 1 екипата. поради тоа сакавме да му се оддолжиме и да му помогнеме.

соработката е многу важна за во иднина. желбата на ник да се врати во мерцедес ќе зависи од тоа колку сме биле добри и фер кон него низ годините. нема ништо што вели дека тој не може еден ден да вози за мерцедес.

Фактот што шефовит на Ред Бул многу брзо по фантастичното деби на Монца му понудиле договор на Ник, воопшто не го изненадува Шовлин.

она што мене доста ме чуди е што немаше поголема борба за неговите услуги. само ред бул се јавија откако видоа што може.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ