Шовлин се надева дека Монца нема да биде лоша како Спа

Актуелните конструкторски прваци, Мерцедес, се надеваат дека со правилно сетирање ќе успеат да бидат конкурентни на Италијанското Гранд При и дека Монца нема да биде тешка како Спа за нив.

Во пресрет на трката, главниот инженер на патекаа кај “сребрените стрели„, Ендру Шовлин, откри дека тие се оптимисти дека нема да ги повторат проблемите од пред две недели.

клучно е дека аеродинамиката на болидот е многу слична и можеме да возиме со помало крило, но на тој начин имаме помалку потисна сила. оптимисти сме дека одредени проблеми кои ги имавме на спа поради нерамнините, овој пат нема да влијаат на нас – посочи инженерот.

Тој верува дека екипата може подобро да го оптимизира В13болидот за најбрзата патека во календарот, но сеуште не знаат до каде ќе бидат споредено со Ред Бул и со Ферари.

сметаме дека можеме подобро да го подготвиме болидот, иако знаеме дека ред бул повторно ќе бидат многу ефикасни. патекта е многу брза, кривините се исто така, а за нас е проблем кога возиме на патеки со поголема потисна сила.

тешко е да кажеме до каде ќе бидеме на монца, веројатно нема да бидеме толку силни како зандворт, но не толку бавни како на спа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ