Шовлин: Сите ќе ги анализираат сликите од подот на Ред Бул

Според Ендру Шовлин, главниот инженер на патека од Мерцедес, сите тимови ќе ги разгледуваат сликите од подот на болидот на Ред Бул кој беше кренат со кран откако Перез заврши во заштитната бариера.

Инженерите сметаат дека 60% од перформансите на болидот се од подот кој е направен под новите правила и кој тимовите го држат во строга тајнот. На третиот тренинг беше кренат надградениот болид на Хамилтон кој удри во бариерите, но сепак Шовлин не е загрижен.

Мислам дека другите би биле позагрижени од нас. Пред една година се работеше за тоа дали тежината е распределена помеѓу 48% и 43% и каде е центарот на гравитацијата, Но сега е различно. Да бидам искрен, со овие правила, најважно е тоа што не го гледате. Монако е одлична можност да се види подот.

Том МекКулог од Астон Мартин додаде дека сликите од Ред Бул може да донесат јасен заклучок како болидот преминува преку свиоците.

Тоа се одлични слики. Сигурен сум дека аеродинамичарите ќе ги разгледаат сликите. Среќа нашиот болид не беше кренат и сакаме така да остане. Многу се учи од ова. Мислам дека видовме доста возбудени аеродинамичари во падокот.

Но, инженерот Дејв Робсон од Вилијамс не се согласува дека така едноставно е да се ископира.

Сликите се слични на 2Д проекција бидејќи светлото може да даде грешна претстава. Мислам дека е доста тешко да се ископира.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ