Шокантна елиминација на Расел во првиот квалификациски сегмент

Возачот на Мерцедес ќе стартува како 18ти на трката за Големата Награда на Унгарија.

Џорџ Расел ќе стартува 18ти за Големата Награда на Унгарија, откако испадна од квалификациите во првиот сегмент.

Возачот на Мерцедес беше побрз само од Кевин Магнусен од Хаас и од Вилијамс-от на Логан Сарџент со 1:19.027, само 0.121 секунди од пласман во К2.

Ф1 и Пирели воведоа проба за алтернативна распределба на пневматиците овој викенд, при што возачите беа принудени да користат тврди гуми во К1, медиум во К2 и меки во К3.

Се чини дека Мерцедес чекаа премногу за да го испратат Расел во најдобри услови на патеката на крајот од воведниот сегмент, при што Британецот не можеше да го заврши чистиот загревачки круг бидејќи повеќе болиди се зближија во последниот сектор.

Не ми кажувајте дека сме елиминирани – рече Расел преку тимското радио.

Момци, можевме да одиме во секој момент,а се најдовме во целиот тој сообраќај.

Резултатот означува голема промена од подвизите на Расел во 2022 година на Хунгароринг, каде што ја постигна својата прва пол позиција во Ф1.

Во елиминацијата му се придружија и Алекс Албон, Јуки Цунода, Магнусен и Сарџент.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ