Шок во Вилијамс: Капито и Демаисон заминаа од екипата

Тимскиот шеф и Главен извршен директор на Вилијамс, Јост Капито како и Главниот технички директор, Франсоа Хавиер Демаисон, повеќе не се дел од трофејната екипа од Гроув.

Американскиот фонд, Дорилтон Капитал, кои се сопственици на екипата, го вратија германецот капито од пензија по неговиот успешен престој во Рели одделот на Фолксваген за да го предводи нивниот тим кога ја превземаа екипата во 2020 година. Тој доби задача да го изгради одново тимот, а експресно со себе го донесе својот верен соработник, Демаисон, со кого работеа долго време во Фолксваген и го постави да шефува со техничкиот оддел.

Минатата година беше чекор напред за тимот, Џорџ Расел дојде до подиум, а екипат заврши на 8мо место кај конструкторите, но сезонава повторно назадуваа на последна позиција со само 8 освоени поени.

Вилијамс официјално го потврдија заминувањето на Капито и Демаисон, додавајќи дека наскоро ќе ги објават и нивните замени.

беше огрормна привилегија да се води вилијамс рејсинг минатите две години и да се постават темели на оваа голема екипа. нетрпелив сум да го следам тимот како се надоградув во иднина и стигнува до уште поголеми успеси – изјави капито.

Претседателот на Дорилтон, Метју Севиџ дополни:

сакаме да му се заблагодариме на јост за неговата напорна работа и посвтеност во процесот на огромна трансформација кој тој го почна во прероднабата на вилијамс рејсинг.

благодарни сме му на јост што ја одложи планираната пензаија и се согласи на овој нов предизвик со нас. исто така му се заблгодаруваме на франсоа хабиер за неговиот несебичен придонес и му посакуваме се најдобро во иднина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ