Шпекулациите завршија, Скај го потврди Тед Кравиц

Ексклузивниот сопственик на Формула 1 правата за Велика Британија, Скај спортс Ф1, потврдија дека презентерот Тед Кравиц ќе остане дел од нивната екипа откако се појавија шпекулации дека тој нема повеќе да биде дел од нивниот тим.

Поранешниот возач, индиецот Карун Чандхок, дојде во Скај од Канал 4 кои бесплатно емитуваат некои трки на островот, а Кравиц не беше присутен на предсезонските тестови, по што се појавија шпекулациите. На Твитер веднаш почнаа да се појавуваат хаштагови (#wherested, #tedgate и #saveted) како поддршка за Тед, а речиси 4.000 луѓе потпишаа петиција за останување на новинарот во Формула 1. Инаку тој е познат по својата ‘Ted’s Notebook’ која се емитува по квалификациите и трката и всушност е анализа на тоа што се случило.

Сезонава покрај Тед Кравиц и Карун Чандхок, преносите за скај ќе ги работат и Рејчел Брукс, Мартин Брандл, Џенсон Батон, Дејвид Крофт, Ентони Дејвидсон, Пол ди Рест, Џони Херберт, Дејмон Хил, Симон Лазенби, Натали Пинкам и Нико Розберг.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ