Штаерска, Т2: Верстапен најбрз на сесијата која може да го одреди утрешниот старт

Макс Верстапен беше најбрз на вторите денешните 90 минути односно Т2 сесијата која може да го одреди утрешинот старт доколку се обистинат прогнозите дека силниот дожд ќе оневозможи возење во Сабота и во Недела наутро.

Времето од 1.03.660 беше за само 4 стотинки побрзо од кругот на Валтери Ботас на Мерцедес, а по него следуваат двајцата најбрзи од првата петочна сесија, Чеко Перез со заостаток од две десетинки и Ленс Строл со над 3 десетинки позади мексиканецот. Карлос Саинз заостана десетинка зад Строл за 5то време, а Луис Хамитон беш есамо стотинка од него.

Алекс Албон постави 7мо време, а Ландо Норис осмо и тое беа последните во помалку од секунда од водечкиот. Шарл Леклер беше 9ти со над една секунда заостаок, но беше 4 сетотинки зад Окон на Рено.

Себастијан Фетел имаше срамно 16то време и беше во сендвич помеѓу болидите на Вилијамс, а Алфа Ромео беа единствени со над 2 секунди заостаток. Даниел Рикардо имаше силен судар и излезе од болидот кривејќи, но лекарските прегледи покажаа дека се е во најдобар ред со него.

Во обид да надоместо за залудно потрошениот утрински дел, Николас ЛАтифи комплетираше дури 48 кругови, додека Даниел Рикардо само 2.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ