Шумахер бил изненаден од Мерцедес

Мик Шумахер објави клучен детал кој најмногу го шокирал при трансферот во Мерцедес откако прифати да биде нивен резервен, тест и развоен возач за оваа сезона. 

Тој се приклучи на тимот отккао Хаас одлучија да не му го продолжат договорот по две години на гридот. Младиот германец е покрај патеката на секоја трка во случај да треба да замени некој возач, а во исто време и работи во симулаторот и развојот на болидот. 

Фасцинантно е да работиш со луис Хамилтон и џорџ Расел. Ова е интересен период за мене бидејќи работам со одлични возачи кои не секогаш ги разбирам што прават. Научив многу како да пристапувам кон трките и стекнав доста знаење. Не мислев дека сум научил толку. 

Шумахер е присутен и на состаноците со инжинерите и признава дека е изненаден од огромната комуникација која ја има во тимот. 

Како возач, најчесто не се случува да ги слушаш сите инженери кога си на патеката, но тука е целосно различно. Првото изненадување ми се случи во Бахреин бидејќи не очекував тоа да се случи. Не знаеш што пропушташ се додека не си дел од тоа. Најмногу ценам што инженерите го слушаат возачот и важно е туѓото мислење бидејќи сите работиме заедно. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ