Шумахер: Битката за титула сеуште не е завршена

Мик Шумахер вели дека се е можно во оваа сезона од Формула 2 првенството и битката за титула иако во Бахреин ќе допатува како лидер во серијата.

Возачот на Ферари, кој се очекува да премине во Формула 1 со Хаас следната година, стигна до водство во Муџело, а потоа ја зголеми предноста во Сочи. Во првенството води со 22 поени пред Калум Илот, а потоа следат Јуки Тсунода, Кристијан Лунгард, Роберт Шварцман и Никита Мазепин, кои сеуште имаат математички шанси.

Сеуште има 96 поени достапни, така што очигледно ништо не е завршено, топ 6 возачите сеуште може да ја освојат титулата.

Нашата цел е да се фокусираме на нас, да го имаме најдобриот болид, да работиме напорно на последните трки како тим. Важно е да останам фокусиран, да се подобрувам, да учам и да нападнам.

Мора да бидеме паметни на последните две трки. Очигледно ако има момент за напад, ќе нападнам, ако треба да се бранам, ќе се бранам. Треба да ја разбереме ситуацијата – најави младиот германец.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ