Шумахер: Борбата против Хамилтон ќе ми помогне да не се плашам од никој

Мик Шумахер верува дека борбата против Луис Хамилтон на Ред Бул Ринг ќе му помогне да не се плаши од никој ривак на патеката во иднина затоа што сите се само луѓе.

Откако на Силверстон пред една недела стигна до своите први поени во Формула 1 кариерата, следуваа нови бодови и одлично 6то место во Австрија. Германецот жестоко се бранеше против Хамилтон на спринтот од 24 кругови во Сабота, а борбата продолжи и на почетокот од главната трка.

На крајот, Хамилтон победи во двата наврати, но Мик извозе безгрешна трка и доенсе одлични поени за американската екипа.

сите сме под притисок и во одреден момент може да направим грешки. мислам дека за мене е многу важно да престанам да се плашам додека се борам против било кој на патеката – свесен е младиот германец.

Двајцат авозачи на Хаас носат двојни поени на двете последни трки, така што го подигнаа тимот на 7мо место кај конструкторите пред АлфаТаури, Астон Мартин и Вилијамс. Она што може само да ги радува е фактот што перформансите се остваруваат со истиот болид од почетокот на годината, а новините се најавени за Хунгароринг, последната трка пред крајот на првиот дел од сезоната.

покажавме колку голем потенцијал има болидот и колку сме добри јас и кевин. знаевме дека ни треба брз и силен болид и тоа го имавме од почетокот на сезоната, но ни недостасуваше среќа.

можеби загубивме малку во однос на сетирањето и треба да следиме подобра насока затоа што пакетот е одличен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ