Шумахер и Магнусен се задоволни од болидот

Мик Шумахер и Кевин Магнусен се задоволни од брзината на новиот Хаас откако беа при врвот на тестот во Бахреин. 

Возачите добија дополнително време да надоместат на тестот поради пропуштениот старт заради доцнењето на нивната опрема поради летот од Истанбул. Шумахер постави најбрзо време, но брзо беше надминато од Макс Верстапен. 

Очигледно дека не возевме колку што сакаме. Се работи за тоа дали сме брзи или не, а ние сме.

Имаме добар болид и задоволни сме со работата. Сега треба да го максимизираме постигнатото на трката наредната недела – посочи мик.

Во неверојатна недела за Магнусен во која тој се врати во Хаас, данецот извозе одлично. 

Година и пол не сум во Формула 1 и можам да кажам дека Беше одлично искуство. Очекував да сме побавни, но сеуште не ги разбирам правилата.

Мислам дека имав малку побавно време од тоа на Мик што беше на квалификациите. Болидот имаше некои проблеми, но генерално беше добар и подготвен за трка.

Не знам до каде сме, Мислам дека болидот е добар и сакаме наредната недела да се наредиме на гридот и да видиме до каде сме – нетрпелив е к-маг.

Стаинер смета дека имале интересен втор тест за тимот. 

Работевме напорно, но не чека уште работа за проблемите кои треба да ги средиме пред првата трка. Мислам дека сме подготвени за првата трка. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ