Шумахер и Џовинаци ќе бидат резервисти на Ферари за 2022

Ферари потврди дека Мик Шумахер ќе биде нивни резервен возач на 11 од вкупно 23 трки во 2022 година, а останатите таа улога ќе ја одработи Антонио Џовинаци.

Германецот Мик ќе ја одработи и следната година со американски Хаас, екипата за која дебитираше годинава како член на Академијата за малди возачи на Ферари.  Тој ќе продолжи да се трка за екипата, но доколку за Ферари не бидат во можност да возат Леклер или Саинз, на 11 трки од календарот, тој ќе биде повикан да го пополни тоа место.

за него ќе биде втора сезона во спортот, тој е возач на ферари, доаѓа од нашата академија. среќен сум што може да биде дел од екипата како резервен возач доколку биде потребно, иако сите се надеваме дека нема да биде – откри матиа биното.

Останатите 12 трки од календарот, резерва ќе биде Антонио Џовинаци кој е дел од Академијата на Ферари, а минатите три години се тркаше за Алфа Ромео. Откако не доби продолжување на договорот од швајцарската екипа, тој сезоната пред нас ќе ја одработи тркајќи се во електрината Формула Е. Биното потврди дека услугите на италијанецот ќе може да го користат и Хаас и Алфа Ромео ако имаат потреб следната сезона.

причината на постоењето на академијата на ферари е за да идентификуваме кој може да биде возач на ферари во иднина и во тоа одлично ни оди и имаме голем избор. мик добро одработе годинава, се подобри значително, не само во однос на константноста, туку и во однос на брзината.

ако ги подледнете последните трки, тој беше многу поблиску до болидите пред себе во ситуација во која хаас не го развиваа болидот годинава. тоа што беше поблиску до останатите покажа дека се подобрува сам по себе.

Биното посочи дека морале да бидат сигурни дека барем еден од возачите кои ќе бидат резерви догодина, има искуство со новите болиди.

новите болиди ќе бидат навистина многу различни од актуелните во однос на стилот на возење и мислам дека ќе биде важно да имаме резервен возач кој ќе ги познава. можеме да сметаме и на антонио затоа што е одличе возач и тоа го докажа, а ќе има и програма во симулаторот која ќе го подготви.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ