Шумахер признава дека гласините за Ауди му годат

Германецот од Хаас, Мик Шумахер, изјави дека е фино што го поврзуваат со тимот на Ауди кој во соработка со Заубер ќе се појави на гридот во 2026 година. 

Младиот германец сеуште нема потпишано со Хаас за наредната година откако им направи големи трошоци оваа сезона и не им донесе многу поени. Се верува дека може да добие резервна позиција или да паузира, но се зависи од тоа дали Логан Сарџент ќе успее да обезбеди поени на суперлиценцата, предуслов за американецот да почне да вози во Вилијамс.

Планот А е единствениот план за мене. Живеам тука сега и моја работа е да сум најдобар што можам. Сите сме на лимитот затоа што Доколку не си таму, ќе те снема брзо. Мојата ситуација е различна. Јас сум тој возач поради сите ситуации во кои сум бил – свесен е мик.

Околу евентуално место во новиот тим Ауди, тој признава дека е добро во тимот да има германски возач. 

Мислам дека е важно за Ауди да влезе во Формула 1. Тоа е глобална компанија и глобален бренд. Се надевам дека германците ќе ја подржат Формула 1 и ќе имаме домашна трка некогаш. Слушнав дека бараат германски возач, но сеуште е далеку од тоа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ