Шумахер: Ферари нека ја заборават сезонава

Ралф Шумахер смета дека Ферари има проблем со болидот и може слободно да ја заборават оваа сезона. 

Шарл Леклер го освои единствениот подиум за Ферари во Баку и беше на една пол позиција. 

Во моментов тимот е на четврта позиција кај конструкторите зад Ред Бул, Мерцедес и Астон Мартин. 

Најпроблематичното дете оваа година е Ферари. Ферари мора да го најдат проблемот и да го решат, но не знам колку време е потребно. Имаат проблем со трошење на гумите и се доста спори. Ферари ги чека тежок пат. Васур е само неколку месеци на чело и знае дека ова е долг процес. Носи и нови луѓе во тимот но оваа сезона може да ја заборават. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ