Шумахер: Фетел ќе остави голема празнина

Мик Шумахер смета заминувањето на неговиот сонародник Себастијан Фетел од Формула 1 ќе остави огромна празнина во Формула 1.

Во пресрет на Унгарското Гранд При, Себ откри дека ќе ја напушти тркачката серија по завршувањето на оваа сезона и ќе стави крај на 15-годишната кариера во најсилната тркачка серија. Тој е еден од најуспешните возачи во спортот со четири титули и 53 победи зад себе.

Мик е многу близок со Себ, Фетел важи за ментор на младиот германец, исто како што легендарниот Михаел го имаше земено него “под свое“ кога почнуваше во спортот.

јасно е дека ќе остави голема празнина во спортот, тој е неверојатен карактер, специјална личност и одличен како човек. навистина многу ќе ми недостига.

ќе ми недостига многу повеќе од само на патеката, разговорите во попладнените часови по трките, вечерите со него, имавме доста време поминато заедно.

тој е човек со кого можам да зборувам на мојот мајчин јазик, а во исто време е и фантастичен возач. премногу ќе ни недостасува на сите, особено на мене.

Во моментов Мик е во својата втора Формула 1 сезона со Хаас и сеуште го нема потврдено својот ангажман за догодина.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ