Шумахер: Ф1 нема трпение

Мик Шумахер се согласува со неговиот поранешен шеф Џин Хааас дека Формула 1 не им дава на младите возачи да се развиваат бидејќи тоа е многу скапо. 

Пред последната трка во Абу Даби беше објавено дека Хаас нема да го продолжат договорот со Шумахер и на негово место ќе дојде Нико Хулкенберг. 

Во претходниот период Шумахер се најде под голем притисок поради своите резултати. 

Во спортот кога си почетник немаш можност да се развиваш бидејќи е скапо. Мислам дека Мик има потенцијал но тој не чинеше многу пари што ги немаме – изјавија од Хаас. 

Шумахер се согласува со тоа. 

Дефинитивно е тоа. Формула 1 е спорт во кој се форсираш до лимитот и понекогаш кога си над тоа се случува инцидент. Има многу луѓе зад сцената што знаат колку се важни првите години за младиот возач. Формула 1 е различен калибар. Но јас мислам дека брзо напредував и ми стана удобно во болидот. Но спортот нема трпение и ова го кажувам од лично искуство. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ