Шумахер: Хамилтон е отворен кон мене и ме советува

Се чини дека Себастијан Фетел не е единствениот возач на гридот кој често му дава совети на младиот Мик Шумахер, затоа што германецот откри дека за одредени работи го советувал и Луис Хамилтон.

Оваа дебитантска за него сезона, тој се најде на гридот помеѓу некои возачи кои ги знаеше откако како мало дете татко му го носел на трки. Секако дека еден од нив е Хамилтон кој е меѓу највозрасните, човекот кој го замени Шумахер постариот во Мерцедес кога Михаел реши засекогаш да се прости од тркачакта серија.

Неколку пати Мик и Луис беа забележани во разговор во падокот, а сега Шумахер откри дека одлично се согласува со седумкратниот првак кој е многу отворен кон него.

дефинитивно е многу отворен за совет кон мене и многу ми помага како имам потреба. порано кога татко ми се откажа од тркање во мерцедес, јас гледав некои нивни трки и бев со него.

убаво е да се знае дека кога има време е отворен да разговара со мене и да ми помогне. тие разговори секако дека се приватни, некои се за тркањето, а други се пријателски – откри мик.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ