Шумахер цели на значителен придонес во Мерцедес

Мик Шумахер се надева дека ќе остави свој белег во Мерцедес откако ја доби улогата на трет возач на тимот од Бракли за 2023 година.

Тоа е сосема нов предизвик за 23-годишниот германец кој по две години и 43 Гранд При стартови, ја загуби поддршката од Ферари и своето место во американски Хаас. Тој се надева дека неговото пристигнување во екипата значителноќе ги подобри работите за тимот кој осум години доминираше со тркачката серија.

многу сум возбуден за следната година и новата можност која ми се укажа. го следев развојот на в13 во текот на сезоната, видов дека некои големи работи беа превземени за да од слаб болид дојде до позиција да победува на трки. се надевам дека јас ќе можам многу да придонесам и ќе можеме да се борие за титула догодина – посака мик.

Неговото доаѓање во Мерцедес секако дека значеше прекинување на секаква соработка со Ферари чиј штитеник беше долго време, односно член на нивната Академија.

промените се огромни од 2014 година кога последен пат дојдов во бракли, тоа беше моја куса посета и моја прва средба со современ симулатор во тоа време. да се види растот и развојот на тимот е фантастично и покажува колкави се промените низ времето. среќен сум што ќе бидам дел од тоа, но и многу возбуден што ќе можам да ги запознаам сите од екипата.

Тркачко место за нњго догодина нема да има, секако доколку се е во ред со Расел и Хамимлтон, но тој смета дека може многу да научи од искуството и податоците на тимот.

веројатно е реткост да се има резервист кој возел една година претходно болиди од истата генерација. ги познавам гумите, ги познавам болидите и знам што е потребно да се возат. се надевам дека ќе можам да придонесам со моето знаење и да видам што недостасува за да ја пополнам таа празнина.

работата во симулаторот ќе биде многу важна, имаме многу за сработување со оглед на прибраните податоци од сезоната, така што ќе можам да се стекнам со големо знаење кое ќе ми користи до крајот на тркачката кариера.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ