Шумахер: Штетата од сударот со Кими беше голема

Мик Шумахер призна дека бил вознемирен од оштетувањето на неговото предно крило откако удри во Кими Раиконен по рестартот на Бразилското Гранд При. 

Двајцата возачи седеа заедно на прес конференцијата во Четврток и младиот Шумахер сакаше да се бори со шампионот од 2007 година на патеката. 

Не сме имале борби заедно. Би било убаво да имам шанса да се тркам против него било каде – посака тогаш мик.

На ова Раиконен одговори во свој стил:

Да успорам за да се тркаме? 

Но, двајцата стартуваа од крајот во Бразил и младиот Шумахер во Хаас се обиде да го престигне финецот во првиот свиок при што удри во него. 

Вознемирувачки е бидејќи мислев дека имаме брзина да сме пред Вилијамс, Но вакви работи се случуваат и се учи од нив. Мора да се знае до каде е лимитот.

Во овие свиоци сите бараат повеќе простор. Мислам дека прво се допревме со гумите и подоцна имав надуправување и удрив со предното крило во него. 

Раиконен на крајот успеа да стигне до 12та позиција. Тој е задоволен од измените кои ги направил тимот.

Го изменивме малку болидот и стартував од боксот. Тоа беше вистинска одлука иако заостанував малце, Но секако болидот беше доста добар. Бевме многу подобри од квалификациите. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ