Шумахер ќе тестира за Пирели

Мик Шумахер ќе има официјално деби за Мерцедес по Шпанското Гранд При кое е на програмата викендов, ќе остане во Барселона да одработи тест за Пирели.

Спорд германски Bild, Мерцедес со својот В14 ќе тестира во Вторник и Среда, првиот ден ќе го одработи Џорџ Расел, а Мик Шумахер ќе ги превземе обврските вториот ден.

Откако Мик го загуби возачкото место во американски Хаас и ја прекина соработката со Ферари, стана официјална резеерва на Мерцедес за оваа година, така што редовно работи во симулаторот и присуствува на Гранд При трките. Негова цел е враќање на гридот следната година, но Тото Волф беше искрен неодамна посочувајќи дека простор за тоа нема.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ