Јуки разочаран по тешкото домашно деби

Јуки Тсунода остана разочаран кога на својата прва Формула 1 домашна трка во Јапонија заврши на 13то место.

Јапонецот стана првиот домашен возач кој се тркал во најпрестижната тркачка серија на Сузука по Камуи Кобајаши во 2014 година, имаше предност во брзина пред колегата Пјер Гасли цел викенд, но не дојде до поени иако беше посилен од французинот и на квалификации.

Тсунода не успеа да ја прекине низата од трки без поени која трае веќе 12 Гранд При викенди, односно од мајското Шпанско Гран При кога освои поен.

Во пресрет на рестартот на трката тој беше 9ти, но  доцна промени од гуми за мокро во интермедиа и загуби позиции кои не успеа да ги врати. 

имав тешко попладне и иако сакав да завршам во поени, не успеав во тоа и штета што така испадна мојата прва домашна трка. мислам дека дадов се од себе, направив се што можев, извадив се од болидот, но немав ритам.

цел викенд беше многу возбудлив за мене, уживав во моето доашно искуство, возење формула 1 болид на мојата домашна патека и сакам да им кажам едно огромно благодарам на фановите кои дојдоа да ме поддржат особено по волку дождливи услови.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ