Јуниорите на Ферари уживале во тестот

Мик Шумахер, Калум Илот и Роберт Шварцман имале незаборавно искуство на тестот кој Ферари вчера го организираше за нив со две години стар болид на домашната патекека во Фиорано како подготовка за петочните тренинг сесии кои младите возачи ќе треба да ги одработат до крајот на оваа сезона.

Тројцата возачи без проблем ја комплетирале зацртаната програма од страна на тимот и немале никаков проблем во адаптирање на болидот, открил Марко Матаса, техничкиот шеф на Академијата.

не е лесно да се промени стилот на возење од она што се бара во формула 2 до врвната серија формула 1. болидот има многу повеќе моќ, многу понапреден систем за кочење и управување кое бара чувство и голема точност. сепак, сите тие веднаш почнаа да возат со одличен ритам и верувам дека круговите на мик и калум многу ќе им користат во пресрет на сесиите кои треба да ги одработат на нирбургринг – изјави матаса.

Лидерот во Формула 2 поредокот, Мик Шумахер, ќе вози за Алфа Ромео на Ајфелското Гранд При следниот викенд и тоа на првата петочна тренинг сесија како подготовка за негово можно доаѓање во Формула 1 следната сезона. Тестот во Фиорано беше трета Формула 1 сесија за германецот откако лани на сезонскиот тест во Бахреин тестираше за Алфа Ромео и за Ферари.

многу е корисно повторно да се запознаам со сите процедури кои се многу сложени, но и со тоа како една екипа од врвно моторспорт ниво работи. не можам да дочекам да влезам повторно во кокпитот во германија и ќе биде убаво да се биде дел од официјална тренинг сесија пред мојата домашна публика. има механичари во тимот кои работеле и со татко ми и тоа ќе го направи денот навистина посебен – откри шумахер.

Претходното Формула 1 искуство за Илот беше тест со Алфа Ромео, а во Фиорано имаше прво запознавање со болид на Ферари, така што денот го нарече незаборавен.

денеска имав можност д апочувствувам формула 1 болид само десет денови од моето деби на гранд при тркачки викенд. тоа што ме зачуди кај сф71х е аеродинамичката ефикасност односно нивото на грип кое на дрго место го нема. исто така екстремна е и моќта од моторот и сопирањето кое е инстантно.

Илот и Шумахер се кандидати за овогодишната Формула 2 титула, но и за место во Формула 1 наредната сезона во екипите кои соработуваат со Скудерија.

Русинот Роберт Шварцман за прв пат имаше можност да вози Формула 1 болид откако неговото претходно искуство било само со Формула 2 машина. Актуелниот Формула 3 првак имал одличен и многу забавен ден.

кога забрзувате како никогаш да не ја исцрпувате моќта од моторот. кочниците се импресивни сопираат дури и кога сметате дека е премногу доцна за тоа. освен возењето, беше посебно да се работи со тимот кој внимава на секој најмал детал. навистина работат на врвно ниво и благодарен сум на сите за овој ден кој нема никогаш да го заборавам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ