Њуи ги објасни разликите помеѓу Рено и Хонда

Техничкиот шеф на Ред Бул, познатиот дизајнер Адриан Њуи, смета дека ентузијазмот на Хонда е целосно различен од она што го добиваа од Рено на почетокот на турбо хибридната ера во спортот.

Рено и Ред Бул се разделија на крајот на 2018 година откако неколку години соработуваа “на сила“ или поради немање алтернатива за двете страни. Њуи бил свесен дека ќе биде речиси невозможно да се освоело титула со францускиот мотор по крајот на 2014 година.

со рено во текот на в8 ерата имавме многу блиска и темелна соработка. имав чуство дека со нас се однесуваа исто како со фабричката екипа.

за разлика до тоа, штом стапи на сила хибридната ера, односнот со рено стана многу тежок и проблематичен. беше тежок период во кој знаевме дека нема да биде можно да се освои титула или сериозно да се нападне за истата како претходно – објасни британецот.

“Биковите“ станаа партнери со Хонда од 2019 година, а во моментов сериозно напаѓаат за наслов, прв пат по цели осум години. Адриан откри дека соработката со Хонда ги мотивирало и охрабрило сите во екипата.

нивото на посветеност, ентузијазам и напредок на хонда е неверојатно и целосно различно од рено. мислам дека посветеноста беше клучна, токму таа донесе перформанси.

ако не гледате дека вашиот партнер е страствен и притиска исто така и вас, тогаш не може да се мотивирате и да дојдете до резултати. ако некој погреши, не треба да се критикува, туку конструктивно да се работи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ