Њуи прогонуван од минатото со предупредување до сите во Ред Бул

Дали Ред Бул ќе дозволат да ја загубат доминацијата?

Главниот шеф за технологија на Ред Бул, Адријан Њуи, предупреди дека тимот мора да се погрижи да не “заспијат“ со оглед на нивната силна позиција на табелата во шампионатот во Ф1.

Макс Верстапен и Серхио Перез обезбедија победа на секоја од 11те трки оваа сезона, плус двата спринта, серија што, кога се комбинира со минатогодишното Гранд При на Абу Даби, го обезбеди рекордот за Ред Бул за најмногу последователни победи за еден тим.

Тој рекорд го држеше Мекларен 35 години и реагирајќи на победата на Верстапен на Унгарското ГП, Њуи изјави:

Тоа е неверојатна серија, никогаш не можевме да сонуваме за ова.

Да се победи таа серија на Мекларен од 1988 година е нешто што никогаш не мислев дека ќе го направиме, па затоа е почит кон целиот тим, напорната работа на сите момци, сигурноста во која уживавме оваа сезона.

Тоа е фантастичен подвиг.

Верстапен сега води пред Перез со 110 поени во поредокот за возачи, додека Ред Бул има предност од 229 поени пред Мерцедес во категоријата на конструктори.

Но, Њуи е прогонуван од поразот на Мекларен од Ферари во шампионатот на тимовите во 1999 година и инсистира дека Ред Бул мора да продолжи да се залага за подобрување.

Кога сте во текот на една сезона, всушност не размислувате до каде сте стигнале, туку размислувате за следната – објасни тој.

Ни претстои уште долг пат.

Многу јасно се сеќавам во 1999 година, откако Мика Хакинен водеше во Силверстон, Михаел Шумахер ја скрши ногата и како тим, да бидам совршено искрен, заспавме остатокот од годината и завршивме надолу во поредокот и ја загубивме титулата кај Конструкторите.

Тоа е лекција дека без разлика колку добро изгледаат работите, треба да продолжите да притискате и да бидете секогаш подготвени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ