Њуи: Ред Бул беа катастрофа пред да дојдам јас

Адриан Њуи откри дека Ред Бул биле потсмев во падокот во 2005 година пред тој да дојде во екипата ризикувајќи многу при напуштањето на веќе етаблираниот Мекларен.

Дизајнерот е клучен дел од сите успеси на екипата од Милтон Кинс како Главен технолошки директор, позиција која е добитна за двете страни. Но, овогодинешната доминација со РБ19 болидот е нешто на што тој долго работел, а неодамна доста размислувал дали да го продолжи договорот со екипата.

кога заминав од мекларен, едноставно ми требаше нов предизвик, но имав и незавршена работа затоа што кога прв пат дојдов во формула 1, дојдов во мала екипа која се викаше лејтон хаус каде бевме буквално 50 луѓе, а имавме фини резултати во 1988 и 1990 година. тимот беше ветувачки, но сопственикоте заврши во затвор и тоа беше крајот, екипата се распадна.

потоа се преселив во вилијамс, од каде заминав во мекларен, така што во тие трансфери имав среќа затоа што освојував трки и титули со нив, но тие имаа победнички менталитет уште пред јас да дојдам таму.

мојот придонес секако беше голем со идеите во дизајнот и талентот, но инфраструктурата веќе беше таму.

кристијан хорнер имаше навика секогаш да оди во спротивна насока од мене кога јас се движев низ падокот, а дејвид култхард кој беше со мен ево милијас и мекларен направи трансфер во ред бул, јас го прашав за тимот и тој ми кажа само пофалби зборови. почнав да се интересирам, имав состанок со дитрих матешич на кој видов дека се изглдаше стабилно.

бев загрижен за сопствениците претприемачи откако ми се случи неубав настан во лејтон хаус што не беше најубав формула 1 почеток за мене. претприемачите во формула 1 не се многу долговечни, доаѓаат со многу пари и врева, а потоа или губат интерес или снемуваат пари. така, важно за мене да видам кои се ред бул, што прават, какви намери имаат, дали се во формула 1 за кратко или за долго.

ред бул беше стабилна компанија со голем раст, дитрих беше многу пасиониран за формула 1, така што видов можност да почнам со нив од стартот од 2005 година кога беа навистина за потсмев на гридот. за нив се велеше дека се тимот за забави, никој не ги сфаќаше сериозно, но имаа јасна желба да дојдат до врвот. – објасни њуи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ