Њуи свесен дека Ферари и Мерцедес ќе нападнат силно

Главниот технички шеф на Ред Бул, славниот дизајнер Адриан Њуи, е подготвен за тешка Формула 1 сезона годинава зато што е сесен дека против себе ќе ги има гладните Ферари и Мерцедес кои ќе се вратат силни годинава.

“Биковите“ стигнаа до својот прв двоен наслов од 2013 година откако Макс Верстапен ја освои својата втора возачка титула на четири трки пред крајот на сезоната, а на три трки и тимот стана конструкторски првак. Холанѓанецот победи рекордни 15 пати лани додека Ред Бул освоија рекорден број на поени во една сезона.

Така, екипата од Милтон Кинс се подготвува за одбрана на две титули годинва, а дополнително ќе бидат ограничени и во однос на тесстирањето поради прекумерното трошење во 2021 година. Како резултат на нивната позиција во шампионатот односно првото место, тие ионака ќе имаат можност да инат најмалку време во симулаторот, а казната ќе им донесе дополнително намалување од 10%.

намалувањето на дозволеното време за тестирање во воздушниот тунел значи дека ќе имаме можност да проучиме помалку компопненти и помалку идеи. ако сме паметни секогаш можеме да успееме, така што верувам дека казната нема да ни направи голема разлика.

ферари нема да сеат со скрстени раце, ќе пробуваат да ги поправат своите слабости. имаа проблеми со издржливоста и направија неколку стратешки грешки, така што сигурен сум дека ќе се вратат уште посилни.

секако дека сме свесни колку силен стана мерцедес кон крајот на сеоната, имаа одличен ритам на трка, а победија и тоа на доминантен начин во бразил. тие ќе бидат при врвот и очекувам многу тешка година за нас – посочи њуи.

Дизајнерот посочи дека тимот може да биде горд на постигнувањата на својот РБ18 болид и посочи дека очигледниот напредок на пакетот ја направил разликата во однос на Ферари лани.

се фокусиравме на клучните работи како суспензијата напред и позади, карактеристиките на монококот, изгледот на ладилниците и слично. јасно беше дека имаме силен пакет и покрај тоа што не почнавме како најбрз болид нагридот, но одлично се развивме во текот на годината.

на предсезонските тестови бевме по малку загрижени затоа што не бевме најрзи и имавме направено доста истражувања за да дознаеме каде треба да се подобриме. кога го донесовме болидот во бахреин пред трката, видовме дека ферари е ниво пред нас.

пакетот дефинитивно имаше слабости во првата половина од сезоната, тоа сеуште е така, но слабостите ги намаливме и секако дек во вториот дел од првенството бевме далеку посилни.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ