Ќе добие ли Маси помошници за оваа сезона ?

Во Формула 1 се работи на план да му се даде поголема помош и поддршка на директорот за трка, Мајкл Маси, претсојнава тркачка сезона.

И оние кои не бараат смета на Маси се согласуваат дека некои одлуки донесени лани се сомнителни, вклучително и оние на решавачката трка од сезоната, така што спортот мора да одговори на некој начин.

фиа сака да му помогне на маси. сите негови одговорности и задачи се премногу за 44-годишен човек – вели германски скај.

Сепак, ФИА не планира да го отстрани од директорското место, туку да му даде помош и поддршка на австралијанецот кој го замени Чарли Вајтинг по неговата ненадејна смрт во 2019 година. Според motorsport-magazin.com, ФИА може да имплементира технологија за видео асистенција слична на ВАР во фудбалот со цел да се пресудуваат инцидентите.

Веројатно дека Маси ќе добие и заменик директори на трка крај себе, а директорот на трка во ВЕЦ, Едуардо Фреитас, поранешниот шеф на трки во ДТМ, Нилс Витич и Формула Е директорот на трки Скот Елкинс се помеѓу кандидатите за тие позиции.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ