Џин Хаас: Новиот болид е подготвен за освојување на поени

Сопственикот на тимот Хаас, Џин Хаас, даде оптимистички вовед за претстојната сезона на светскиот шампионат во Формула 1.

Иако ја задржаа познатата црна, бела и црвена шема на бои, тие му дадоа поголемо значење на брендирањето на Moneygram, кои се појавија како главен спонзор на тимот.

Бев многу задоволен што го пречекав MoneyGram како главен спонзор за сезоната во 2023 година и понатаму. Возбудливо е да го видиме нашиот прв болид претставен како MoneyGram Haas F1 Team.

Се упатуваме кон нова сезона поттикната од некои силни тимски перформанси минатата година и враќање во бодовите.

Целта за сезоната годинава е тоа да го бидеме константни и со Кевин Магнусен и Нико Хулкенберг секако верувам дека имаме искусни возачи кои се повеќе од способни да ги испорачаат тие поени на трките – вели Џин Хаас.

Претставник од нивниот нов главен спонзор го сподели следното: 

Возбудливо е да се доживее дека две глобални организации навистина се здружуваат како еден тим за да го формираат тимот на MoneyGram haas F1 – одговори Алекс Холмс, претседател и извршен директор на MoneyGram.

Додека и двајцата воведуваме сосема нова ера со јасен план и визија, подготвени сме тесно да соработуваме за да достигнеме нови височини оваа година – додаде тој.

Елегантниот дизајн на шарите е симболичен за тоа кој е MoneyGram денес, компанија подготвена за иднината и не би можеле да бидеме повозбудени за она што следува.

Официјалните предсезонски тестирања ќе се одржат од 23 до 25 Февруари на меѓународната патека во Бахреин, а првата трка од новата сезона ќе биде Големата Награда на Бахреин на 5 Март.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ