Џовинаци би можел да го замени Никита во Хаас

Антонио Џовинаци може да го најде патот назад кон Формула 1 гридот оваа сезона, откако резервниот возач на Ферари се поврзува со седиштето на Никита Мазепин во Хаас.

Местото на Мазепин на гридот за 2022 година е доведено во прашање откако Русија ја нападна Украина. Тоа го поттикна Хаас да го отстрани брендот Уралкали од своите болиди на последниот ден од тестот во Барселона, логоата на рускиот спонзор исчезнаа од сè освен од тркачкиот комбилизон на Мазепин.

Хаас допрва треба да открие дали Уралкали ќе се врати на болидот на следниот тест, кој започнува во Бахреин на 10 Март и ако не, прашањата продолжуваат, дали тоа значи дека спонзорскиот договор е прекинат и како тоа би влијаело на Мазепин и неговото место во тимот.

Рускиот возач е поддржан од Уралкали, руска компанија која е во сопственост на неговиот татко Дмитриј, која плаќа за неговото возење во Формула 1.

Говорејќи за BBC на тестот во Барселона, шефот на тимот на Хаас, Гунтер Стаинер, призна дека иднината на Мазепин треба да се реши, велејќи дека се вклучени се Влади и тој нема моќ над нив и треба да види како ќе се развива ситуацијата во Украина.

Тој подоцна додаде дека доколку рускиот возач не вози поради една или друга причина, првиот повик би бил до Пјетро Фитипалди. 

Тој го знае тимот, го знае болидот. За да прескокнете еден ден на друг возач, нема никој подобар од Пјетро наоколу во моментот.

Фитипалди имаше две возења со Хаас, заменувајќи го Роман Гросжан на трките во Шахир и Абу Даби во 2020 година и заврши на последно местово двете трки. Тоа ги натера експертите да шпекулираат дека иако Фитипалди беше спомнат од Стаинер, тој можеби не е нивната единствена опција.

Според италијанското издание на Motorsport.com, резервниот возач на Ферари, Антонио Џовинаци, би можел да се вклучи. 28-годишниот италијанец моментално се трка во Формула Е со Драгон/Пенске Аутоспорт, но има излезна клаузула во неговиот договор што му овозможува да се врати во Формула 1 доколку има место на располагање.

Во извештајот се додава дека иако Џовинаци неодамна ја започна својата програма во Формула Е со тимот на Драгон, секогаш постои клаузула за излез што ќе му овозможи да ги затвори договорите и брзо да ја искористи можноста.

Џовинаци има значително повеќе искуство во Формула 1 од Фитипалди, кој се натпреваруваше на 62 трки, освојувајќи 21 поен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ