Џовинаци има клаузула за раскин на договор ако добие понуда во Ф1

Наводно, постои јасен пат за Антонио Џовинаци да се врати во Формула 1 бидејќи има излезна клаузула во неговиот договор со тимот на Пенске.

Џовинаци не беше задржан од Алфа Ромео за сезоната оваа година, бидејќи тие се одлучија за целосно нова возачка постава во форма на Валтери Ботас и Гуанју Жу. Оваа година, Џовинаци треба да ја комбинира улогата на резервен и развоен возач во Ферари, со полно работно време со Тим Пенске во Формула Е.

Но, постои шанса, иако мала, таа нова можност да биде скратена со ненадејното слободно место во Хаас. По руската инвазија на Украина, Хаас преку соопштение во текот на викендот објави дека ги прекинуваат сите врски со Никита Мазепин и со спонзорот Уралкали, што значи дека на Мик Шумахер одеднаш му треба нов тимски колега во сезоната во 2022 што брзо се приближува.

Резервниот возач на Хаас, Пјетро Фитипалди, е дел од потесниот круг од тројца луѓе, во кој се вклучени и светскиот шампион во Формула 2, Оскар Пјастри и возачот на Формула 2 поддржан од Ред Бул, Јехан Дарувала.

Но, Џовинаци е земен во предвид и од други места, со оглед на неговата силна поврзаност со добавувачите на мотори на Хаас, Ферари.

Фактот што Џовинаци моментално се натпреварува во Формула Е не е пречка за поранешниот возач на Алфа Ромео кој брзо се враќа на Формула 1 гридот, според Gazzetta della Sport, бидејќи очигледно има клаузула во неговиот договор што му овозможува да замине да вози во Формула 1.

Со претсезонските тестирања во Бахреин кои започнуваат во Четврток, се очекува Хаас да објави соопштение во следните 48 часа за плановите да го замени Мазепин.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ