Еди Џордан за буџетите: Тоа е фарса

Поранешниот шеф и сопственик на Формула 1 тим, ирецот Еди Џордан, смета дека моменталниот ограничен буџет е само фарса. 

Минатата година беше објавено дека Ред Бул е единствениот тим кој го надминал буџетот во 2021 година и како казна тие платија 7 милиони долари и добија 10 проценти помалку време во воздушен тунел. 

Мислам дека целиот лимит на буџетот е фарса. Доколку поставите правило, тие ќе најдат начин да го надминат. Доколку форсирате некое правило, секогаш има начин да се заобиколи. Не разбирам зошто има лимит кога е невозможно да се спроведе. не дека не е фер кон Ред Бул, но не се постигна посакуваниот ефект – смета ирецот. 

Ред Бул доминира оваа сезона и многумина сметаат дека тимот ќе победи на сите трки годинава. Џордан смета дека силата на тимот од Милтон Кинс оваа сезона е погрешен заклучок. 

Мислам дека е премногу да се праша дали некој може да им конкурира на Ред Бул, но длабоко во себе мислам дека е готово. Искрено мислам дека е прерано, но и Мислам дека никој го нема нивниот капацитет ни како сила, брзина или возачи. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ