Џордан очекува повеќе од седум титули за Верстапен

Поранешниот сопственик на Ф1 екипа, ирецот Еди Џордан, му даде подршка на Макс Верстапен во обидот да освои повеќе од седум титули кои веќе ги имаат Луис Хамилтон и Михаел Шумахер. 

Верстапен ја освои својата прва титула во 2021 година, а минатата година беше повторно првак. Сега Ред Бул се во одлична позиција за титула откако нивниот болид се покажа одличен и веќе имаат две победи на првите две трки оваа сезона. 

Доколку остане во ред со Макс во однос на физички и ментално, мислам дека ќе дојде до 10 титули. Тој е млад и пребрз. Мислам дека Луис треба да побрза да дојде до осум титули бидејќи Макс ќе го надмине – вели џордан.

Со измената на правилата се покажа дека Ред Бул го погодија болидот, но сепак Хорнер не зема ништо здраво за готово и остава простор за другите тимови. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ