? Верстапен и Албон го пробаа хиперавтомобилот Валкири

Како загревање за предсезонскиот тест во Ф1, Макс Верстапен и Алекс Албон, добија можност да го пробаат новиот хиперавтомобил, Астон Мартин Валкири, на патеката Силверстон.

Ексклузивниот автомобил, кој е резултат на соработката помеѓу Астон Мартин и Ред Бул Рејсинг, беше за прв пат промовиран во 2017 година. В12 моторот од 6.5 литри, подесен дополнително од Косворт со околу 1.000 коњски сили, е најмноќниот агрегат кој е вграден во автомобил за секојдневно возење.

Осумкратниот победник на Гранд При трки, Макс Верстапен, изгледаше мошне возбудено по првите кругови во автомобилот.

Бев тука на Силверстон кога прв пат се возеше Валкири за време на Британското Гранд При минатата година, но секогаш е подобро кога сте позади управувачот. Беше неверојатно. Секако, сеуште е во развојна фаза, но веќе се чувствуваат перформансите, кои споредени со нормален автомобил, се малку поинакви. Нивото на потисна сила е неверојатно, а изгледа супер агресивно. Беше многу забавно.

Александер Албон исто така беше импресиониран.

Ова беше неверојатно возбудлива можност, а прво нешто што забележав беше изгледот. Изгледа неверојатно, Има чувство на тркачки автомобил. Макс возеше пред мене, така што едвај чекав. Очигледно има уште развој, но веќе има одлично чувство, особено балансот во свиоците. Лесен е. Секако, споредено со Формула 1 болид, недостасува моменталната потисна сила, но во свиоците се чувствува Г-силата и реакцијата е блиску до таа на Ф1 болид. Прилично е посебен, само треба да си купам еден.

Цена на еден Валкири автомобил ќе биде 3.2 милиони долари, плус данок.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ