? Запознајте го DAS – контроверзниот систем на Мерцедес

Во вториот ден од првиот предсезонски тест, како и вообичаено, продолжува вревата околу секоја нова иновација која ја прикажуваат тимовите, но досега ниту еднаш не се создала толкава врева како за новиот и исклучително иновативен систем на Мерцедес, наречен DAS, Dual Axis Steering или Управување на Двете Оски.

Системот всушност му овозможува на возачот, додека се движи на правец, преку повлекување на управувачот кон себе и притискање од себе, да ја регулира оската на предните тркала и нивниот агол на закосеност. Придобивката од намалување на тој агол е помала абразивна допирна точка на пневматиците, подобар влез во свиоците, како и намалување на отпорот, ефект сличен на ДРС.

Во следното видео запознајте се со деталите, или барем тие кои беа споделени. Сепак мора да се признае, исклучително иновативно решение.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ