🎥 Леклер го прошета СФ1000 низ улиците на Маранело

Ферари стана втората Формула 1 екипа која го провозе својот овогодишен болид од избивањето на пандемијата откако Шарл Леклер го “сврте“ својот СФ1000 ни улиците на Маранело утрово.

Екипата веќе ги искористи двата промотивни денови на кои има право во текот на годината, така што ова беше невообичаена можност да се проба болидот иако со мала брзина и низ градските улици на Маранело во пресрет на трката во Австрија следниот месец.

Ова беше прв пат во модерната ера еден тековен Формула 1 болид да биде возен низ улиците на градот кој е дом на Ферари, а тимот го направил тоа за да го одбележи почетокот на одложената сезона.

Шарл почна со возење од Officina Classiche односно канцелариите на Скудерија во Маранело, мина низ историската порта каде била сместена првата фабрика и каде порано била сместена тркачката екипа. Мина низ сегашната база на екипата и музејот до неа пред да се врати и да влезе на патеката Фиорано која е во дворот на фабриката, но немаше дозвола да вози кругови по автодромот. Ова беше прво возење по 100 денови на болидот откако последен пат СФ1000 бил возен во Барселона.

вообичаено не сакам рано да станувам, но утрово имав одлична причина да го направам тоа. можеби разбудив многу луѓе, но одлично беше да се вози низ улиците на маранело со сф1000. беше многу возбудливо што се вратив во кокпитот особено по толку специјална патека на движење. штом влегов во болидот, како да се вратив дома.

ова беше многу забавен начин да ставие до знаење дека сме подготвени да се вратиме на патеката и сега сум многу нетрпелив да почнеме во австрија – вели леклер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ