🎥 Мекларен со прекрасна порака за Ферари и подарок … Саинз

Мекларен испрати прекрасна порака на италијански до Ферари да се грижат за “нивниот“ Карлос Саинз откако шпанецот ја одработе последната трка за Мекларен и оди во Маранело догодина.

Саинз ќе го менува Себастијан Фетел во тимот следната година откако потпиша двегодишен договор и ќе биде партнер на Шарл Леклер. Тој мина две сезони во Мекларен и изгради одлична соработка и силно партнерство со Ландо Норис.

Мекларен објавија одлична порака на италијански во која се вклучени Ландо Норис, шефот на тимот Андреас Сеидл и Главниот извршен директор Зек Браун по повод заминување на Саинз во ривалскиот Ферари.

до нашите пријатели скудерија ферари и нивните славни тифози.

денеска ви праќае поеака. вие бевте и сте наши најстари и најжестоки ривали. ја почитуваме вашат историја и наследство како наша сопствена.

ја цениме и посакуваме секоја битка со црвениот тим. мекларен и ферари се спротиставени страни кои секогаш се напаѓаат. но, вие сте и наши пријатели и имаме голема почит за скудерија и тифозите.

поради тоа ви праќаме подарот. се грижевме за него две години, се грижевме и му помагавме да порасне. сега е ваш ред, чувајте го како што го чувавме ние.

се гледаме на патеката следната година, чао и среќен боижиќ.

Карлос Саинз преку Твитер веднаш се заблагодари на уникатниот гест на неговиот веќе поранешен тим, а и Ферри го прифатија подарокот и најавија дека ќе се грижат за истиот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ