🎥 Le Grand Rendez-Vous

Кусиот филм се снимаше викендот на 23 и 24 Мај кога требаше да се одржи 79то издание на Големата награда на Монако, трка која беше откажана. Режисер на филмот е славниот французин Клод Лелуш, додека возачот на Скудерија Ферари, Шарл Леклер е во главна улога со Ферари СФ90 Страдале низ улиците на Кнежевството.

Страста на Лелуш за брзината е очигледна, а неговиот Маж и жена доби Гранд При на Канскиот фестивал во 1966 година и два оскари со приказна за еден тркачки возач. При снимањето на новиот филм, тој уживаше во друштво на еден од најголемите таленти во моторспортот и Ферари со 1.000 коњски сили.

Филмот е снимен од страна на екипа од 17 луѓе со шест Ајфон 11 Про телефони, девет Гоу Про камер и една Сони Венис камера. Освен двата Ферари СФ90 автомобили кои се користеа за снимање, од Маранело дошла и екипа од шест инженери и механичари кои воделе грижа за автомобилите.

Во Сабота на 23 Мај се правеа неколку проби, но главното снимање беше утрото на 24 Мај во Недела од 6.30 часот наутро до 10 часот. Секако дека и неговото височество Принцот Алберт беше присутен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ