Рикардо промени мотор, ќе стартува последен

Даниел Рикардо ќе го почне денешното Турско Гранд При од последното место откако тимот вгради нов мотор во неговиот МЦЛ35М болид.

Австралијанецот постави 16то време на вчерашните квалификации, но поради казната за Карлос Саинз, требаше да тргне од 15то место попладнево на Истанбул Парк. Слабите квалификации ги искористи Мекларен вградувајќи свеж мотор на Мерцедес во неговиот болид, но поради прекумерниот број на искористени компоненти, тоа значи казна за Дани.

ФИА утрово откри дека Мекларен промениле мотор со внатрешно согорување, турбо полнач како и топлински МГУ-Х како дел од Системот за повраток на енергијата. За секоја компонента следува казна, што значи тој ќе тргне последен. Поради тоа што компонетите се иста спецификација како и оние кои Рикардо ги користеше на кваликациите, тој ќе може да стартува од гридот, а не од боксот.

Карлос Саинз од Ферари уште пред петочните сесии доби нов мотор и веќе беше познато дека ќе тргне од последното место, иако се квалификуваше пред Рикардо, но со последниот разовј на настаните, шпанецот ќе стартува од 19то место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ