Перез: Лош викенд се до пол позицијата

Серхио Перез, освојувачот на пол позицицијата на Гранд При трката во Мајами, откри дека имал најлош викенд се до последниот квалификациски сегмент.

Мексиканецот имаше одличен обид во својот прв обид во последнито квалификациски сегмент, дел кога Макс Верстапен направи грешка и не го заврши кругот, а пото следувше црвено знаме предизвикано од Шарл Леклер, така што освои пол позиција пред Фернандо Алонсо од Астон Мартин и Карлос Саинз од Ферари. Резултатот беше изненадувачки за него затоа што се мачи за перформанси цел викенд по одличното издание и двете победи кои ги имаше во Баку пред две недели.

Во првиот сегмент од квалификациите, тој заостана 35 стотинки зад Верстапен, додека во вториот беше 5ти со над половина секунда заостаток.

мислам дека ова беше мој најлош викенд се до квалификациите. не можев да сфатам како макс прави толку посилни кругови од мене, константно заостанував зад него и зад ферари, така што се обидував се да ресетирам и да почнам од ново.

направивме мала промена во пресрет на квалификациите и болидот стана пожив. мислам дека со новиот асфалт требаше повеќе работа за сетирањето и ние одработивме одличен круг кога тоа беше потребно – посочи чеко.

Тој појасни дека се мачел со балансот на новиот асфалт во Мајами кој нуди многу мал грип, како што се пожалија сите возачи.

ми недостасвуаше буквално од се по малку. ова беше еден од оние викенди кога се мачев за баланс и за самосоверба затоа што асфалтот е претерано осетлив на темпертура.

Неговиот колега ќе тргне дури од 5от ред односно 9то место така што мексиканецот има можност не само за победа, туку и за превземање на водството во шампионатот каде заостанува само 6 поени, а никогаш претходно не бил лидер во првенството.

одам трка по трка, така и размислувам. ќе излезам, ќе направам се што тимот бара од мене затоа што сите одработивме неверојатно добро викендов. утре е нова можност со стартот од пол позиција.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ